Османи ќе го промовира конкурсот „Со европско знаење до европската престолнина“ на Правниот факултет на Универзитетот на Југоисточна Европа

Макфакс

16/05/2019

09:29

339

Големина на фонт

а а а

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, денеска ќе го промовира конкурсот на Секретаријатот за европски прашања „Со европско знаење до европската престолнина“ пред студентите од Правниот факултет при Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово.

Османи пред студентите ќе даде краток осврт на актуелната состојба во евроинтегративниот процес на Република Северна Македонија, а претставници на Секретаријатот за европски прашања ќе ја презентираат состојбата во процесот на европска интеграција, како и состојбата во искористувањето на ИПА фондовите.

Со оваа посета, Вицепремиерот Османи го заокружува циклусот на посети на универзитетите и во наредниот период студентите ќе имаат можност да ги изработат есеите со кои ќе се натпреваруваат. Најдобрите 12 есеи, поточно по 2 од секој универзитет, ќе добијат можност да ја посетат европската престолнина- Брисел, преку тридневна студиска посета, каде што ќе имаат прилика да ги посетат клучните институции на ЕУ и да се запознаат со начинот на нивната работа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг