Голема чистка кај шпанскиот гигант: Реал им бара нови клубови на 14 играчи

Дерби

15/05/2019

20:40

1.637

Големина на фонт

а а а

Реал Мадрид нема по добро да ја памети актуелнава натпреварувачка сезона или поточно што побрзо сака да ја заборави, а тоа дефинитивно може да се направи со добро одработен летен преоден рок и одлични резултати во следната кампања под водство на легендата Зинедин Зидан.

Повеќе од јасно е дека „кралевите“ ги очекува пеколно лето, многу промени во составот, доаѓање на нови имиња и заминување на доста играчи до сегашниот состав. Шпанска „Марка“ која добро е информирана за сите случувања и потези во таборот на клубот до „Сантијаго Бернабеу“ излезе со информација дека дури 14 играчи кои се сега челнови на Реал ќе имаат нови екипи во следната сезона.

Нивните извори велат дека голманот Кејлор Навас и Герет Бејл сигурно си заминуваат, додека Хесус Валјахо и Серхио Регилон најверојатно исто ќе ја минат натпреварувачката 2019/2020 надвор од „Бернабеу“, а пак Тео Ернандез нема да се врати.

Дани Себалјос и Маркос Љоренте не се во плановите на Зидан, а Ковачиќ, Родригез, Одегард и Оскар Родригез исто така нема да бидат дел од екипата, односно ќе мора да завршат во други екипи. Раул Де Томас и Борха Мајорал ќе се вратат, но Иско може да си замине иако сака да остане, додека неизвесна е иднината на Лукас Васкез.

Листата ја комплетираат Брахим Диаз и Маријано Диаз, фудбалери за кои има сомнежи и можат да бидат испратени на друго место.

Останува да видиме што од ова ќе се оствари, па и тоа кој ќе пристигне во Реал, бидејќи се споменуваат Азар, Погба, Менди, Јовиќ, Ериксен…



Спонзорирани линкови

Маркетинг