Ван дер Белен повикува на трпеливост во однесувањето со Русија

Макфакс

15/05/2019

10:27

1.092

Големина на фонт

а а а

Австрискиот претседател Александар ван дер Белен апелираше на трпеливост во однесувањето со Русија.

„Мораме да имаме нешто што е заедничко за Русите и Австријците, а тоа е трпеливоста. Ништо не донесува очекувањето дека многу тешки проблеми може да се решат за пет минути”, истакна Ван дер Белен пред денешната средба со рускиот претседател Владимир Путин.

Тој, во изјавата за австриската телевизија ОРФ, ги критикуваше САД, велејќи дека нормалната дипломатија предвидува заеднички разговори и обид да се стави во „кожата на другиот”.

„Сепак, постојат земји кои не го следат овој пат, и јас не мислам дека тоа е добро“, рече Ван дер Белен, алудирајќи на американската администрација.

Австрискиот претседател денеска ќе се состане во Сочи со шефот на руската држава, а за време на неговиот работен состанок, како што најави, ќе стане збор за меѓународни прашања, како што се Кина и Иран.

Потоа, Ван дер Белен и Путин ќе отворат билатерален форум за дијалог на граѓанското општество „Сочи дијалогот”.



Спонзорирани линкови

Маркетинг