Пакет понуда, 210 милиони евра за три ѕвезди на Реал

Макфакс

14/05/2019

13:48

2.394

Големина на фонт

а а а

ПСЖ во преодниот рок ќе „лови“ играчи што имаат големо искуство во Лигата на шампионите, тврди „Ле Паризиен“. Поради тоа истиот извор тврди дека ПСЖ во пакет ќе се обидат да донесат тројца играчи од Реал Мадрид.

Трансфер цел на ПСЖ биле Герет Бејл, Иско и Тони Крос. На Реал за овој пакет ќе му биле понудени 210 милиони евра.

„Претседателот Ал Келаифи сака револуција во Париз и убеден е дека овие тројца фудбалери би можеле да го предводат неговиот нов проект“, пишува во текстот на „Ла Паризиен“ со напомена дека Нејмар и Килијан Мбапе ќе останат во клубот.

Пари за реализицијата на овој пакет ПСЖ ќе обезбедат со трансферите на Јулијан Дракслер, Единсон Кавани, веројатно Анхел Ди Марија и уште неколкумина други фудбалери што не беа во преден план оваа сезона.



Спонзорирани линкови

Маркетинг