Ѕвездата на Арсенал се сели во Реал Мадрид?

Точка

14/05/2019

11:06

2.144

Големина на фонт

а а а

Реал Мадрид по крајот на сезоната ќе направи голема реконструкција на тимот, а веќе неколку големи имиња се поврзуваат со трансфер на „Сантијаго Бернабеу“.

Англиските медиуми тврдат дека во Мадрид на лето ќе се пресели ѕвездата на Челси, Еден Азар, а сега се појави информација дека неговите стапки може да ги следи и ѕвездата на Арсенал, Пјер-Емерик Обамејанг.

Со оглед на тоа што е речиси сигурно дека Бејл ќе го напушти Реал, на Зидан ќе му биде потребен уште еден крилен напаѓач, па наводно одлуката паднала на Обамејанг.

Обамејанг заедно со Салах и Мане од Ливерпул е најдобриот стрелец во Премиер лигата со 22 погодоци, а наводно од Реал Мадрид за неговите услуги се подготвени да исплатат 85 милиони евра.



Спонзорирани линкови

Маркетинг