„Зидан не знае ништо од фудбалот“

Точка

14/05/2019

10:04

2.179

Големина на фонт

а а а

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан се најде на удар на поранешниот аргентински голман Хуго Гати.

Големото враќање на Зидан на клупата на Реал Мадрид не донесе добри резултати, а „Кралевите“ беа поразени и минатитот викенд од Реал Сосиедад. На Реал ќе им бидат потребни големи промени по крајот од сезоната, а Гати се сомнева во тренерските способности на Зидан.

„Зидан не правеше ништо кога Реал победуваше. Се остана исто. Зидан не знае ништо од фудбалот. Ги имаше Роналдо, Рамос, голови. Се освои поради тоа“, изјави Гати и додаде:

„Ако Зидан не ја промени тактиката, ситуацијата нема да биде поинаква. Мислам дека ќе биде уште полошо“, изјави Гати.



Спонзорирани линкови

Маркетинг