Максимална женственост: Топ 5 совети за убавина од Коко Шанел

Точка

09/05/2019

20:11

4.641

Големина на фонт

а а а

Коко Шанел е првата дизајнерка која на жените им го “олесни животот“, и тоа со облека која тешко се комбинира. Ги ослободи жените од крутите комбинации и корсети и ги “облече“ во едноставност и практичност.

Француската модна креаторка Коко Шанел, се смета за една од најзначајните личности во модниот дизајн во минатиот век. Таа достоинствено го редизајнира модниот женски свет и им го отвори патот на сите денешни модни креатори, а колку им го промени животот на своите современици, и на сите жени подоцна, можеби најдобро говори тоа што таа жените ги ослободи од корсети.

Коко е првата жена која заплива во едноставната и практична облека, која не само што ги ослободи жените од облеката која тешко се комбинира туку и им го олесни начинот на живот. Таа е авторката на “малите црни фустани“, а иако здолништата постоеја и пред неа, всушност таа ги популаризираше и ги претвори во “задолжителна“ облека на секоја жена која треба да ја има.


Во женската мода ги воведе и хулахопките, бидејќи често носела здолниште и не сакала постојано да ѝ се подигнува нагоре. Затоа набрзо почнала да дизајнира и облека во која што жените ќе можат да спортуваат и така ја започала целата револуција во женското облекување. Нејзиниот дизајн зборувал за силните, самостојни жени кои не се ограничуваат со “тесната“ естетика.

Подоцна Коко Шанел го дизајнирала и женското одело од здолниште и сако, кое до ден денс е неизбежно парче на колекциите на Chanel. Тоа докажува колку се вкоренети нејзините тогашни прогресивни модни идеи денес.

Еве кои животни мудрости низ призмата на модата ни ги остави Габриела Коко Шанел:

1. „Едноставноста е клучот на елеганцијата “

Факт е дека доколку облеката ни е премногу комплицирана, другите луѓе не знаат во што да нè гледаат. Во секоја секојдневна комбинација која ја носиме, вниманието го привлекуваме само на одредени делови од нашето тело. А според Коко, сакаме да го истакнеме баш тој наш облик, а не облеката.

Според неа, најдобар начин да се постигне тоа е едноставноста. Затоа еден од најславните модни совети на Коко Шанел е баш оној каде што таа кажува дека секоја дама пред да излезе од дома треба да се погледне во огледало и да извади еден од модните додатоци кои ги носи на себе.

2. „Модата е архитектура: работата е во стапките“

Модата и денес се темели на стапките, а нашето тело изгледа добро доколку му дадеме добра рамка, која Коко секогаш ја нагласувала. Сакала на жените да им даде удобна облека која ќе им паѓа по телото. Затоа што доколку сме убаво и пропорционално облечени, се чувстваме како да носиме друга кожа.


3. „Жената која не носи парфем на себе нема иднина“

Иднината секако дека ќе дојде, со парфем или без парфем, но со него ќе биде малку помиризлива. Кога некоја жена ја прашала: „Каде треба да го нанесеме парфемот?“, Коко одговорила: „Таму каде што сакате некој да ве бакне“.

4. „Најубавата боја на целиот свет е онаа во која изгледате убаво“

Без оглед на тоа која боја е во тренд и што пишуваат модните списанија и модните инфлуенсерки, за секој од нас најубава боја е онаа во која се чувствуваме најубаво. Доколку не можете да се одлучите која боја најдобро ви стои, размислете за црна или бела. Како што кажала оваа модна икона на 20-от век, црното и белото никогаш нема да излезат од мода.

5. „Облечете се лошо и луѓето ќе го запомнат фустанот, облечете се беспрекорно и луѓето ќе ја запомнат жената“

Сепак најважно е како жената се оддржува, а доколку владееме со својот стил тогаш ќе го прифатат и другите. Затоа според примерт на Коко Шанел, треба да ги исправиме рамената и да чекориме со сигурност, па така и другите ќе ве забележат и запомнат.