Заев и Рама на рамазанска вечера во Сараево

Макфакс

08/05/2019

12:01

1.448

Големина на фонт

а а а

Премиерот Зоран Заев во Сараево присуствуваше на рамазанска вечера кај претседателот на Советот на министрите на Босна и Херцеговина, Денис Звиздиќ, заедно со албанскиот премиер, Еди Рама.

„Деновите на рамазанските пости се потсетник дека милосрдието, почитта, солидарноста, добрината, љубовта и простувањето се вредности што треба да ги почитуваме и кои не обединуваат како народи“, напиша Заев во објава на својот фејсбук-профил.

Денес, во Сараево се одржува средба на лидерите на земјите од Западен Балкан во рамките на годишниот состанок на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР).