Jанушев: Ќе поднесеме кривични пријави и приговори за поткуп, агитирање и групно гласање

Макфакс

06/05/2019

14:50

1.414

Големина на фонт

а а а

Граѓаните покажаа дека бараат промени, удрија тежок шамар на политиките на Заев и власта. Македонија гласаше против криминалот, коруцијата и непотизмот на Зоран Заев и СДСМ. Гласаше против наместените тендери, ароганцијата, нерешавањето на проблемите, против живот кој стана пекол, изјави Игор Јанушев, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, резултатот на изборите е извојуван од страна на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана и народот. ,,Сами на избори против сите останати. Против целиот државен апарат и сите други механизми кои тие ги ставија во функција. Гордана Сиљановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ победија во 42 општини. Да беа локални избори ќе имавме 42 градоначалници, а да беа парламентарни избори ќе бевме партија со најмногу пратенички мандати. ВМРО-ДПМНЕ имаше 62 илјади гласови повеќе од првиот круг”, додаде Јанушев.

Порастот на гласовите за Пендаровски, според него, е неприроден и не е поради метлата на Заев, туку поради пазар, уцени и закани. ,,Апсолутната власт значи апсолутна неодговорност на власта. Ќе поднесме приговори до ДИК за групно гласање,поткуп и агитирање. Ќе поднесеме и кривични пријави”, вели Јанушев. Тој повтори дека остануваат на барањето за парламентарни предвремени избори.



Спонзорирани линкови

Маркетинг