ВМРО-ДПМНЕ: Ја охрабруваме антикорупциска со истиот жар и експедитивност да го испита имотот на Заев

Макфакс

03/05/2019

15:53

830

Големина на фонт

а а а

ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека ја поздравува експeдитивноста на ДКСК и ја нагласија отвореноста да се испитаат сите аспекти за кои постои интерес. Исто така, ја охрабрува комисијата, како што велат, со истиот жар, ентузијазам и експедитивност да го испитаат и имотот на премиерот Зоран Заев, кој, според опозициската партија, од просечно земјоделско семејство стигна да вреди неколку милиони евра.

„Како Заев го изгради ‘Глобал’ за што беше амнестиран, а Заеви стигнаа до возен парк ‘бентли’ и ‘мајбах’. И како судот го ослободи, поточно амнестираше Заев од случајот ‘Поткуп’ каде се гледа како на видео бара мито. Воедно по истиот допрен глас, кој за антикорупциската комисија мислиме дека треба исто да вреди како оној на власта, бараме да се испитаат повеќето дозволи за хидроцентрали на вицепремиерот Анѓушев, да ги испитаат сомнежите за грчки фирми на министерот Манчевски, и фирмите за марихуана на Заеви.

И кога не би бил последниот ден од кампањата, и кога Заев не би ги злоупотребувал институциите за ваков смешен политички маркетинг со цел да го покрие поразот, би го повикале заспаното обвинителство да поведе постапка против Зоран Заев за кривично дело „спречување истрага“, за двајца негови функционери за што постои и јавно признание од премиерот. Допрениот глас беше емитуван во емисијата на телевизијата 24, а доколку не ја виделе од обвинителството, веројатно ангажирани да го следат партискиот портпарол на власта, ние им стоиме на располагање да ја дадеме снимката од истото. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски, стои на располагање за сите детали кои се поврзани со истрагата“, се наведува во партиското соопштение.



Спонзорирани линкови

Маркетинг