Студен туш за Западен Балкан во Берлин, мали се шансите за брз влез во ЕУ

Нетпрес

30/04/2019

11:50

2.935

Големина на фонт

а а а

Земјите од Западен Балкан добиле разочарувачки пораки на конференцијата која се одржа во Берлин каде домаќини беа францускиот претседател и германската канцеларка, пишува Financial Times во анализата насловена „Франција и Германија со студен туш кон балканските надежи за итно пристапување во ЕУ“.

Според весникот, германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон отворено им порачале на делегатите од шестте земји дека мали се шансите наскоро да ѝ се придружат на Европската унија и дека прво треба да ги средат внатрешните работи во своите земји.

Како што пишува реномираниот весник, Макрон се фокусирал на потребата од политичка стабилност во регионот, велејќи дека Париз ќе пружи помош во клучните економски, социјални, безбедносни реформи, како и во областа на владеење на правот, а не преку процесот на проширување.

„Ќе работиме заедно на стабилноста на регионот. Од 2000 ние се повлековме од регионот, но денес сакаме да работиме заедно“, реколе Макрон пред средбата во Берлин со лидерите на Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Северна Македонија, Србија и Косово.



Спонзорирани линкови

Маркетинг