Шокантно интервју со словенечкиот премиер: Ако ЕУ се распадне, сите пропаднавме! Сè ме потсеќа на времето кога Европа му попуштала на Хитлер...

Точка

25/04/2019

18:33

4.848

Големина на фонт

а а а

Премиерот на Словенија Марјан Шарец, ја споредил ситуацијата во Европа со таа пред избивањето на Втората светска војна, кога европските политичари му попуштале на Хитлер.

Шарец, во интервју за "AP", оценил дека Европската Унија во иднина мора побрзо и поодлучно да носи одлуки, за да одговори на големите предизвици на денешницата. 

"Популистите во Европа напредуваат затоа што умерените партии и политички сили не беа успешни и доволно проактивни во изнесувањето на своите агенди. Ако само седиш и чекаш нешто да се случи, тогаш популистите се многу гласни и добиваат многу политички простор", рекол Шарец во разговор пренесен од словенечките медиуми.

Денешниот доминантен европски политичар и службениците на ЕУ пребавно одлучуваат за новите историски околности. На Унијата и е потребно ново и ефикасно водство, ако сака успешно да парира на бранот од популизам и се поголемото влијание на Русија и Кина, оценил Шарец.

"Ако ЕУ се распадне, тогаш сите пропаднавме. Тоа е многу брутално, но и вистинито", заклучил Шарец.

Тој рекол дека "денешната ситуација во Европа потсетува на таа од доцните 30-ти години, кога на Европа и се заканувал Хитлер, а на чело на британската влада бил Невил Чембрлен, кој не сакал да му се спротивстави, туку му попуштал".

Американската агенција го опишува Шарец како поранешен актер и комичар кон минатата година успеал да формира коалициска влада од либерални и леви партии и така спречил власта да ја освои Јанез Јанша, кој на изборите настапил со националистичка антимигрантска агенда, слична на таа на унгарскиот премиер Виктор Орбан.



Спонзорирани линкови

Маркетинг