Уапсен таткото на бомбашите од Шри Ланка: Локалниот тајкун знаел дека неговите синови ќе изведат напад!

Точка

25/04/2019

16:37

3.379

Големина на фонт

а а а

Според најновите информации, полицијата смета дека таткото на двајцата бомбаши самоубијци кои учествувале во крвавите напади во Шри Ланка им помогал во организацијата на нападот.

За време на страшниот терористички напад изведен од страна на радикални исламисти за време на католички Велигден, загинаа најмалку 359 лица, а стотици беа ранети.

Полицијата деновиве го уапси Мухамед Јусуф Ибрахим после нападите во хотелите и црквите во оваа земја. Тамошните власти го уапсиле откако било утврдено дека неговите двајца синови, Ахмед Ибрахим и Илхам Ахмед брахим се разнеле во бомбашките напади.


Портпаролот на тамошната полиција за „СиЕнЕн“ изјавил дека нивниот татко сега е во притвор затоа што постои сомнение дека им помагал и ги поттикнувал своите синови да ги извршат терористичките напади. Тој додал дека полицијата уапсила и уште неколку членови на нивното семејство.

Инаку, станува збор за тајкун од Шри Ланка кој е сопственик и основач на компанијата „Ишана Експортс“ со седиште во Коломбо која на интернет страницата се рекламира како „најголемиот извозник на зачини од Шри Ланка од 2006-та година“.

Во интервјуто за „СиЕнЕН“, премиерот на Шри Ланка откри дека осомничените за крвавиот напад на Христијаните биле образовани (некои и во странство) припадници на средната и висока класа од општеството и сето тоа било многу „изненадувачко“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг