Путин и Ким се "зазбореле": Средбата на двајцата лидери зад затворени врати траела двојно повеќе од предвиденото

Точка

25/04/2019

12:20

3.207

Големина на фонт

а а а

Рускиот претседател Владимир Путин денес изјавил дека разговорот во четири очи со севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун во Владивосток бил темелен.

Како што рекол, со Ким разговарал за билатералните односи, моменталната ситуација и перспективите на нивниот развој. 

"Разговаравме за ситуацијата на Корејскиот полуостров и разменивме мислења за мерките кои треба да се преземат за да се подобри ситуацијата", рекол Путин.

Ким рекол дека неговиот дијалог со рускиот претседател Владимир Путин бил конструктивен, и дека ќе продолжи да биде таков.

"Се надевам дека нашите преговори ќе продолжат во иста насока, како плодни и конструктивни", рекол Ким.

Состанокот на Ким и Путин траел околу два часа, двојно повеќе од предвидените 50 минути. Во тек е состанок на делегации на двете држави кој се одвива на сојузниот универзитет во Владивосток, на крајниот исток на Русија.

Ова е прва посета на Русија на Ким и негова прва средба со Путин.




Спонзорирани линкови

Маркетинг