ВМРО-ДПМНЕ: Фирмите на функционерите добиваат тендери во четири очи

Макфакс

25/04/2019

10:16

1.142

Големина на фонт

а а а

Бизнисите на граѓаните тонат, но затоа фирмите на функционерите од власта добиваат тендери во четири очи и испумпуваат милиони од буџетот, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

„Граѓаните живеат во тешка мака, земјоделците сечат дрва, болните не можат да најдат лек, младите се иселуваат како никогаш до сега.

Република Македонија тоне. Со Стево Пендаровски уште повеќе ќе тоне. Затоа е потребно граѓаните масовно да излезат и да ја поддржат Гордана Силјановска Давкова. За право и правдина“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Опозициската партија додава Зоран Заев и Стево Пендаровски заедно со нивните партнери од власта ДУИ, освоиле само 42,84 проценти од гласовите на граѓаните додека Силјановска Давкова и кандидатот на опозицијата во албанскиот блок ја освоиле довербата на преку 53 проценти од граѓаните.

„Тоа е најдобар доказ дека граѓаните чувствуваат дека државата назадува. Одиме надолу и на економски и на демократски план. Одиме надолу и на листите за корупција и во здравството и во образованието и на полето на безбедноста. Македонија оди напред само во однос на бројот на граѓани кои живеат под прагот на сиромаштијата. Тоа се фактите кога три пати аболициран политичар ја води државата по принципот „едно евро за вицето”, додава опозицијата во соопштението.



Спонзорирани линкови

Маркетинг