Фото: Огромно количество оружје најдено во Кумановско

Нетпрес

24/04/2019

16:28

4.202

Големина на фонт

а а а

Големо количество пешадиско оружје нашла полицијата завчера во атарот на кумановоското село Матејче, дознава НетПрес од полициски извори.

Биле откриени сандаци со гранати за рачен фрлач „Кастор“ – 30 мм, куршуми, рачен ракетен фрлач, бомби и моќни воени двогледи.

МВР за НетПрес ја потврди информацијата.

- На 23 април, 2019 година, во 09.30 часот на место викано „Матејачки штали“ во село Матејче, во нива биле пронајдени гранати РРФ 40 мм, куршуми калибар 7,62×56мм, две рачни бомби со запалка кинеско производство, еден рачен ракетен фрлач (РРФ) со цевка кородиран, постоље за истиот, една дигитална нишанска справа со метална кутија и едно постоље за неа. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Куманово и пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување и предметите биле безбедно подигнати. Се работи на расчистување на случајот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг