Преименувана категоријата на Оскарите за „најдобар странски филм“

Точка

24/04/2019

16:07

1.576

Големина на фонт

а а а

Категоријата на Оскарите за „најдобар странски филм“ е преименувана во „меѓународен игран филм“, соопштила американската Академија за филмски уметности и наука (AMPAS).

„Забележавме дека називот 'странски' е застарен во рамките на глобалната филмска заедница“, рекле ко-претседателите на Одборот за меѓународен игран филм, Лери Каразевски и Дајен Вејерман.


„Ние сметаме дека 'меѓународен игран филм' подобро ја претставува оваа категорија и промовира позитивен и инклузивен поглед на филмот и филмската уметност како универзално искуство“, додале тие.

Академијата истакнала дека не се менува ниедно правило, ниту услов за постоечката категорија, освен што во потесниот избор за награди ќе влезат 10 филмови.


Истакнати добитници на Оскар за најдобар странски филм, категоријата која е воведена во 1957-ма година, се филмовите „La Vita e' bella“, „Le charme discret de la bourgeoisie“ и „Das Leben der Andern“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг