Пендаровски: Отворен сум за дебата со младите, нивната критичка мисла е клучна европска вредност

Макфакс

24/04/2019

14:43

1.101

Големина на фонт

а а а

Кандидатот за претседател, Стево Пендаровски, денеска во „Јавна соба“ учествуваше на трибина со млади, на која порача дека неговата програма предвидува многу широк простор за младите луѓе, односно за реализација на нивните замисли и за развивање на нивните професионални и лични кариери.

„Во мојата програма имам предвидено неколку проекти за младите, но, се разбира, во целина генералната рамка на мојата програма значи Македонија да биде многу бргу дел од евро-атлантските структури, со што младите ќе добијат многу поширок простор“, нагласи тој.

Додаде дека доколку на 5 мај ја добие довербата на граѓаните, како приоритетно прашање ќе го постави развојот на младата популација.

„Развојот на општеството зависи од шансите што таа популација ќе ги има, пред сè, во својата земја“, образложи Пендаровски и порача:

„Станува збор за креирање амбиент во кој ќе им понудиме, наместо изолација, како што беше со години, шанса да се дружат со своите врсници од Европа, да бидат дел од заедничкиот европски пазар, да бидат дел од заедничките образовни европски програми и што е многу важно, на таков начин преку комуникација со своите врсници од Европа да ги усвојуваат европските вредности“, истакна кандидатот за претседател велејќи дека една од клучните европски вредности е развивањето на критичкото мислење токму преку конструктивна дебата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг