Инзаги со порака до Милан: Сакаме одмазда!

Точка

24/04/2019

11:06

1.536

Големина на фонт

а а а

Милан и Лацио вечерва на „Сан Сиро“ во Милано ќе се судрат во реванш натпреварот од полуфиналето во Купот на Италија.

Првиот натпревар на „Олимпико“ заврши со резултат 0:0, па на Лацијалите за пласман во финалето ќе им одговара нерешен резултат со голови или секако, победа против Милан.

Откако неодамна загубија од Милан во Серија А, сега тренерот на Лацијалите, Симоне Инзаги порача дека неговите фудбалери ќе имаат желба за одмазда.

„Имаме многу работи за кои ќе се бориме. Натпреварот ќе биде многу израмнет. Сакаме да дојдеме до финалето и ќе се обидеме да го докажеме тоа на терен. Постои желба за одмазда“, изјави Инзаги и додаде:

„Играме против голем клуб. Сепак, видовме дека сите наши натпревари во изминатите години беа изедначени. Добро се подготвивме за натпреварот, сакаме да дојдеме до финалето и тоа сакаме да го направиме по секоја цена“, изјави Инзаги.



Спонзорирани линкови

Маркетинг