Добил на лотарија 768 милиони долари! Тикетот го сокрил во сеф, а потоа открил што ќе им каже на луѓето кои ќе му побараат пари

Точка

24/04/2019

21:02

27.634

Големина на фонт

а а а

24-годишниот Мануел Франко од Висконсин доби 768 милиони долари во играта на среќа “Powerball”, а тоа е третата највисока исплата во историјата на САД.

„Почнав да полудувам. Ги погледнав броевите и тие се поклопуваа. Срцето почна силно да ми чука, почувствував врелина. Почнав да викам“, изјави Франко за американските медиуми после неверојатната добивка која дефинитивно ќе му го промени животот.

Тој откри дека веднаш дал отказ затоа што едноставно не можел повеќе да продолжи да работи. Одлучил да избере еднократна исплата, наместо да ги добива парите на рати. Тој исто така откри дека дел од парите ќе ги донира и во добротворни цели. Поради тоа што избрал еднократна исплата, тој ќе добие 477 милиони долари.

За американските медиуми Франко откри дека на луѓето кои ќе му побараат пари ќе им каже „не“.

Инаку, според законот на американската сојузна држава Висконзин, добитниците на лотарија не може да останат анонимни. Франко открил дека откако сфатил дека ги добил парите, станал параноичен и го сокрил добитниот тикет во сеф.

„Станав параноичен, имав чувство како да ме брка целиот свет. Тешко е да го живеете својот живот кога имате добитен тикет кој што сите го сакаат“, изјави Франко.




Спонзорирани линкови

Маркетинг