ИВЗ: Судот не одлучува кој ќе биде реис, ако е така нека кажат и кој да биде поглавар на МПЦ

Макфакс

23/04/2019

20:07

2.677

Големина на фонт

а а а

Судот не е тој што одлучува кој ќе биде реис, ако е така нека кажат и кој да биде поглавар на МПЦ, изјави пред Исламската верска заедница (ИВЗ) Мухарер Весели, директорот на агенција за халал сертификати и претставник на ИВЗ.

Попладнево таму се одржуваше состанок за смена на поглаварот Сулејман Реџепи, на чие место треба да седне Скендер Бузаку, а за тоа дека ситуацијата била тензична сведочеше и зголеменото полициско присуство.

Бузаку тврди дека за ваквата смена постои и судска одлука и дека законот треба да се почитува.

Меѓутоа, според Весели, против правилата за работа на верските заедници е државните органи и политиката да се мешаат во верски работи.

„Се споменува и името на министерот за внатрешни работи и жал ми што овие работи не може да се решат без мешање на власта“, порача тој.

Весели истакна дека во тек е седница на реисите на која, како што кажа, ќе биде донесена одлука во врска со целата ситуација.

„Моментално се одржува седница на реисите во Кондово, за одлуките ќе бидете информирани“, додаде тој и порача дека седиштето на ИВЗ е контролирано и дека таму не се случува никаков упад, како што претходно се шпекулираше.



Спонзорирани линкови

Маркетинг