Дибала брзо му одговори на Тардели и појасни какво влијание има Роналдо врз него

Дерби

23/04/2019

20:30

1.711

Големина на фонт

а а а

Марко Тардели во текот на вчерашниот ден излезе со изјава со која посочи дека Пауло Дибала е еден од играчите кои се мачат да играат во Јувентус кога во тимот е Кристијано Роналдо, теза на која брзо се надоврза аргентинската ѕвезда.

Дибала дефинитивно немаше сезона за паметење и поради тоа многумина шпекулираат дека ова лето може да побара трансфер од Торино, но ако се суди според неговата последна изјава, аргентинскиот офанзивец не размислува на вакво сценарио.

– Играњето за Јувентус ми носи голема забава и огромна сатисфакција. Кога зборуваме за Јувентус, говориме за голем клуб во кој секогаш играат големи шампиони, – порача Дибала за „Тутоспорт“ и се надополни.

– Уживам во играњето со Роналдо. Кристијано е голем шампион и секогаш е уживање да се игра со фудбалери како него. Роналдо прави тешките работи да изгледаат лесно и многу се учи од него секој ден, – додава Пауло.



Спонзорирани линкови

Маркетинг