Трамп се појавил на балкон, а сите гледале во зајакот покрај него: Еве како американскиот претседател го означил почетокот на традиционалната трка во Белата куќа

Точка

22/04/2019

20:02

3.155

Големина на фонт

а а а

Претседателот на САД, Доналд Трамп, денеска ја отворил традиционалната годишна Велигденска трка со јајца во Белата куќа.

„Сакам на сите да им посакам среќен Велигден“, рекол Трамп во обраќањето од балконот на Белата куќа, каде му се придружила првата дама, Меланија Трамп, и човек облечен во бел зајак со очила.


Трамп зборувал за инвестирање на неговата администрација во војската, наведувајќи дека ќе биде обновена на досега невидено ниво.


Американскиот претседател потоа со дување на свирче го означил почетокот на Велигденската трката со јајца во дворот на Белата куќа, што е една од многуте активности организирани за 30.000 возрасни и деца кои влегуваат низ капијата за време на денешниот ден, Велигденски понеделник.


Главниот настан е традиционална трка со јајца, кој во Белата куќа се одбележува од 1878-ма година, кога тврдо сварено јајце се турка со раце по тревата.


Првата дама најавила две нови активности, музички јајца и училишна игра.


Исто така е организиран агол каде првата дама и други претставници им читаат приказни на децата и место каде децата можат да им напишат честитки на американските војници. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг