Бускетс најави заминување од Барселона и ја посочи лигата во која би сакал да продолжи

Дерби

22/04/2019

16:57

2.577

Големина на фонт

а а а

Еден од клучните фудбалери од средниот ред на Барселона, Серхио Бускетс најави заминување од тимот во кој ја изгради целата фудбалска кариера.

30 годишниот фудбалер во интервју за „Спортс Илустрејтед“ ги отвори вратите за потенцијален трансфер во МЛС Лигата во следните години што доаѓаат.

– Јасно е дека не можете да ја предвидите иднината, но можам да ви кажам дека сум голем фан на Соединетите Американски Држави, а фудбалот таму има неверојатен напредок. Натпреварувачкиот стил и плеј-оф форматот се поинакви од тоа на што сме навикнати овде, а тоа навистина ми годи, -истакна Бускетс.

Бускетс и оваа сезона е незаменлива алка во тимот на Ернесто Валверде во кој има пропуштено само два натпревари, еден поради жолти картони, а вториот поради одлуката на тренерот за одмор на играчите пред средбата со Манчестер Јунајтед.



Спонзорирани линкови

Маркетинг