Лукаку во Интер за 50 милиони евра?

Макфакс

22/04/2019

14:50

1.140

Големина на фонт

а а а

Челниците на Интер го означиле Ромелу Лукаку како замена за Мауро Икарди, објави „Тутомеркато“. Икарди ќе замине по одлуката да не го продолжи договорот со клубот, а на „Меаца“ имаат желба новата „деветка“ да биде Белгиецот.

Според истиот извор, во Манчестер јунајтед немале ништо против да го продадат Луаку и тоа за сума од 50 милиони евра, што е 35 милиони евра помалку од она што клубот во 2017 година му плати на Евертон.

Доколку целиот овој трансфер биде реализиран, Лукаку ќе мора да се согласи на помала плата од онаа што ја заработува во Јунајтед. Тој во Јунајтед игра за 10 милиони евра годишно.

Ромелу Лукаку минатото лето со Белгија го освои третото место на СП во Русија, а во кариерата играл за Андерлехт, ВБА и за Челси.



Спонзорирани линкови

Маркетинг