Повредениот капитен на ПАОК го доживеа моментот на кариерата: Со скинати лигаменти влезе во игра и го подигна трофејот

Дерби

22/04/2019

11:57

1.526

Големина на фонт

а а а

Грчкиот великан ПАОК во саботата прослави 93 години од своето постоење, а судбината посака еден ден подоцна да ја освои својата прва титула во домашното фудбалско првенство по пауза од цели 34 години.

Клубот од Солун стави крај на долгиот пост и ги израдува своите фанови кои направија вистински спектакл на „Тумба стадионот“, фудбалско здание на кое вчера незаборавен момент доживеа и капитенот на овој тим. Португалецот Виериња заработи тешка повреда на коленото поради која не можеше да ги игра најважните натпревари, но вчера тренерот на ПАОК направи фасцинантен потег, ставајќи го во игра во 90-та минута.

Иако е во рана рехабилитација на скинатите лигаменти на коленото, Виериња влезе во игра на мечот со Левадиакос и подоцна го подигна трофејот за кој сонуваа фановите од Солун повеќе од три децении.



Спонзорирани линкови

Маркетинг