Обраќање на Заев: Очекувам победа во вториот круг

Точка

21/04/2019

23:48

3.360

Големина на фонт

а а а

Првиот човек на СДСМ и премиер на Македонија, Зоран Заев прогласи победа на кандидатот на владечката партија Стево Пендаровски во првиот круг од претседателските избори.

Зоран Заев на прес-конференцијата порача дека со 98% од преброените гласови, Пендаровски води со околу 4 илјади гласови разлика во однос на Сиљановска-Давкова и порача дека очекува победа на кандидатот на владеачката партија и во вториот круг.

„На овие избори и во првиот и вториот круг ќе се одлучува дали ќе продолжиме да одиме напред. Во вториот круг ќе има спротиставување на два спротивни концепти – прогресивниот концепт на Пендаровски и деструктивниот концепт на Сиљановска-Давкова. Знам дека во вториот круг граѓаните уште посилно ќе го поддржат напредокот“, изјави Заев и додаде:

„Очекувам тие што гласаа за Блерим Река на 5-ти мај да придонесат за патот кој ја води државата напред. Ова се важни избори кои ќе одлучат колку брзо ќе почнеме да живееме европски. Повикувам на големо обединување во вториот круг за сигурно чекорење кон ЕУ и НАТО“, изјави Заев.

Заев и Пендаровски се согласија дека Сиљаноска-Давкова досега се обраќала само кон македонското гласачко тело, за разлика од Пендаровски кој го барал гласот на сите граѓани на државата, безразлика на нивната етничка припадност.