Од штабот на СДСМ: Пендаровски води, несомнено ќе биде нашиот нов претседател!

Точка

21/04/2019

21:33

2.516

Големина на фонт

а а а

Откако предмалку се огласија од штабот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, предмалку се огласија и од штабот на владеачката СДСМ, од каде што порачаа дека Стево Пендаровски води и ќе биде нов претседател на Македонија.

„На преброени повеќе од половина од избирачките места, Стево Пендаровски е во водство пред против-кандидатите. Очекувана е победа на Пендаровски во првиот круг. Предноста на Пендаровски, ќе значи сигурна победа и во вториот изборен круг“, порача Кирацовски.

„Во вториот круг очекуваме граѓаните уште повеќе да го поддржат напредокот и концептот кој води напред. Нема да набројувам во кои избирачки местаи во кои населени места води Стево Пендаровски. Ова се избори за претседател на државата, на сите граѓани. Ова не се локални избори, ВМРО-ДПМНЕ бадијала се храбрат. Јасно е дека губат во првиот круг и дека ќе загубат во вториот изборен круг“.

„Нашата Македонија ќе добие вистински претседател на сите граѓани. Стево Пендаровски ќе биде несомнено идниот претседател на нашата држава“, изјави Кирацовски.



Спонзорирани линкови

Маркетинг