ДИК: До 10 часот гласале 97 213 гласачи, одѕивот е 6,19 %

Точка

21/04/2019

10:49

1.880

Големина на фонт

а а а

До 10 часот на гласање излегле 97.213 гласачи од вкупно запишаните 1 808 131. Одѕивот до 10 часот е 6,19 %. Најмалку гласачи – 0,97 излегле во Липково, а најмногу 11,48 во Свети Николе.

Во претседателската трка се Стево Пендаровски кандидат на СДСМ и коалицијата, Гордана Силјановска-Давкова кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијатa, и Блерим Река, кој е поддржан од Алијансата на Албанците и Движењето Беса.

Претседателските избори се спроведуваат на 3.480 избирачки места во 80 општини. Право на глас имаат 1.808.131 граѓанин. Според член 81 од Уставот, победата на еден од кандидатите во првиот круг може да им ја донесе мнозинство на гласови од вкупниот број избирачи, односно 904.066 гласови за кандидатот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг