Во ова село нема деца, а неговите жители се – кукли: Вака изгледа местото во кое луѓето не се среќаваат често

Точка

19/04/2019

20:16

789

Големина на фонт

а а а

Нагоро на прв поглед изгледа како и секое друго село во Јапонија, но сепак се разликува од останатите по една работа: овде куклите во природна големина ги надбројуваат луѓето, па така на еден жител има 10 кукли.

Сместено на островот Шикоку во префектурата Токушима, “селото на страшила” станало туристичка атракција поради големиот број на кукли кои се поставени околу тоа место. Некогаш селото имало 300 жители, но со време тој број опаднал на 30. 


Тсукими Ајано живеела во Нагоро како дете, но подоцна се преселила во Осака. Таа се вратила во селото за да се грижи за својот татко, па тогаш дошла до идеја да направи кукла со нејзиниот лик. Оттогаш направила неколку стотици, а денес околу 350 го “населуваат” селото. Многу од нив потсетуваат на жителите кои некогаш живееле на ова место.


Во Нагоро воопшто нема деца, училиштето е затворено пред шест години, а наместо нив, во училишните клупи седат кукли.


Селото денес е една од главните туристички атракции во овој дел од земјата, благодарение на неговите необични жители.




Спонзорирани линкови

Маркетинг