Пендаровски во Лабуништа: Мојот концепт е за заедништво, заеднички живот во европска и напредна земја

Макфакс

19/04/2019

19:39

1.207

Големина на фонт

а а а

Стево Пендаровски, кандидатот за претседател поддржан од граѓаните и од 30 политички партии, денеска ги посети и граѓаните на Лабуништа.

„Се радувам што ве гледам во толкав број и што гледам толку млади луѓе. Ми кажаа дека противкандидатите не дојдоа овде кај вас, во Лабуништа. Тоа е разликата. Мојот концепт е за заедништво, заеднички живот во европска и напредна земја. Мојот слоган е ‘Заедно напред’. Само така можеме да просперираме, а не еден по еден. Јас не правам разлика по верска и етничка припадност. Нашиот концепт е едно општество за сите нас затоа што сите сме исти и мора сите да ги уживаме правата што ни припаѓаат“, рече Пендаровски.

Тој рече дека опцијата што ја нудат опозицијата и кандидатката Силјановска е опција за враќање назад кон изолација, поделби, неизвесност, запирање на почнатиот напредок на земјата и изрази уверување дека граѓаните го препознаваат тоа и ќе изберат напредок.

„Да бидеме сложни и да си помогнеме. Тргнавме напред. Ова е единствениот автопат што нè носи кон развиениот свет. Да не дозволиме да нè вратат назад, да го закочат напредокот, да застанеме. Уверен сум дека в недела, 21 април, ќе направите вистински избори и ќе изберете напредок, да продолжиме заедно напред“, порача Пендаровски.



Спонзорирани линкови

Маркетинг