Новата драма против Исланд заврши без победник: Македонија испушти големо славје во последниот напад

Дерби

14/04/2019

23:07

3.158

Големина на фонт

а а а

Македонија и Исланд одиграа уште една ракометна драма, овојпат во „Борис Трајковски“ пред македонската публика која сепак во самата завршница остана пократка за големо славје против популарните „рибари“.

За разлика од мечот кој се одигра прет четири дена, денеска во Скопје главната улога ја одиграа двете цврсти одбрани, па така видовме далеку помалку погодоци, со нова трилер завршница во која овојпат гостите имаа повеќе среќа. Македонија имаше водство од 24:23 во френетичниот финиш, но за жал, Исланѓаните постигнаа гол во својот последен напад и на пет секунди пред крајот израмнија на 24:24. Со три освоени бода од двомечот со силниот Исланд, Македонија направи гигантски чекор кон ново учество на едно големо натпреварување, бидејќи сега преостанува само да победиме со аутсајдерот Грција.

Фантастичен оваа вечер во „Борис Трајковски“ беше Борко Ристовски со 13 одбрани, капитенот Лазаров го предводеше нападот со осум гола, а Мансков постигна пет погодоци, исто колку и Талески. Во противничкиот табор, најрасположен беше Магнусон со осум погодоци.



Спонзорирани линкови

Маркетинг