Овој состанок може да ја промени сликата на северот на Африка: Хафтар бара помош од моќниот сосед

Точка

14/04/2019

17:41

6.273

Големина на фонт

а а а

Египетскиот претседател Абдел Фарах ел Сиси денес разговарал со командантот на бунтовничките сили од истокот на Либија, Калиф Хафтар, за развојот на ситуацијата во Либија.

Египет има многу блиски односи со Хафтар, кој моментално е под меѓународен притисок поради офанзивата на Триполи, пренесува "Reuters". 

На фотографиите објавени во медиумите се гледаат Хафтар и Сиси како разговараат во присуство на шефот на разузнавачките служби Абас Камел, но без дополнителни детали.

Хафтар, поранешен генерал на војската на Гадафи, кој подоцна се свртел против него, долго го најавувал походот на Триполи, кој го држи владата која е признаена од меѓународната заедница.



Спонзорирани линкови

Маркетинг