Оваа сила стои зад генералот Хафтар: Неколку недели пред нападот на Триполи му дале понуда која не можел да ја одбие

Точка

14/04/2019

12:30

5.620

Големина на фонт

а а а

Саудиска Арабија му ветила на командантот на Либиската национална армија, Калиф Хафтар, десетина милиони долари за заземање на Триполи, пишува "Wallstreet Journal", повикувајќи се на извори во саудиската власт.

Американскиот весник тврди дека предлогот бил поднесен во текот на посетата на генералот Хафтар на Саудиска Арабија, неколку недели пред да започне офанзивата на Триполи на 4-ти април 

"Бевме многу широкогради", рекол еден извор.

Како што наведува весникот, либискиот генерал ја прифатил понудата на Ријад.

Минатиот четврток маршалот Калиф Хафтар им наредил на своите сили да тргнат на офанзива на Триполи за ослободување од терористи. Одредите на армијата на Хафтар воспоставиле контрола над градовите Гарјан и Сурман, кои се наоѓаат јужно од либиската престолнина.

Оперативниот штаб на владата за национално единство, Фајез Сараџ, соопштил дека воените авиони на Либиската национална армија под водство на Хафтар го бомбардирале единствениот активен аеродром на либиската престолнина, по што биле укинати сите летови.

Силите лојални на владата за национално единство на Либија на 7-ми април објавиле почеток на операцијата "Вулкан на гневот" против Либиската национална армија.




Спонзорирани линкови

Маркетинг