Пендаровски потрошил 480 илјади евра, Река 25 илјади евра за кампањата

Макфакс

12/04/2019

17:39

4.042

Големина на фонт

а а а

На веб-страницата на Државната комисија за спречување корупција се објавени финансиските извештаи на партиите за првите десет дена од претседателската кампања. Според извештаите, претседателскиот кандидат Стево Пендаровски досега има потрошено речиси половина милион евра, односно околу 480 илјади евра, Блерим Река 25 илјади евра, а за кандидатката Гордана Сиљановска-Давкова нема податоци.

Во извештајот, вкупните приходи за изборната кампања на Пендаровски заклучно со 10 април се 504 илјади евра, а на транскациска сметка, 162 илјади. Во парите е опфатено платено политичко рекламирање во медиумите, банери, закуп на простор и други услуги. Пендаровски пријавил вкупни расходи од 485 илјади евра, односно 145 илјади евра расход на трансакциската сметка. А во графата членарини, односно донации од членовите на СДСМ има 163 илјади евра, додека околу 3 илјади уплатиле поединечни физички лица.

Блерим Река во првите 10 дена од кампањата на сметката за изборни активности пријавил приходи од 18 илјади евра и тоа како донации од две партии кои го поддржаа – Алијансата на Албанците и Беса.

Извештајот за трошоците на Сиљановска се очекува да стигне до институциите преку пошта, иако рокот за доставување измина синоќа на полноќ.

Финансиските извештаи треба да бидат објавени и на страницата на Државната изборна комисија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг