Сопругата на Пендаровски со пофални зборови за него: “Тој е столб на семејството, таков ќе биде и за својата земја”

Точка

12/04/2019

14:48

3.379

Големина на фонт

а а а

Елизабета Ѓоргиевска, сопругата на претседателскиот кандидат на СДСМ, Стево Пендаровски, го поддржа политичарот преку видео-обраќање.

- Не постои подобро чувство од тоа дека некој е секогаш тука. Подадена рака. Заштита. Човек од збор. Да поттикне радост и да намали тага. Да не се повлече никогаш. Таков е Стево, го знам 23 години и отсекогаш знам дека тој е човекот на кој можам да сметам. Бескрајно посветен, чесен, храбар, секогаш тука за другите. Претседателот е само функција и нема да ја промени личноста, достоинствена и одговорна. За него неуспехот не е опција. Тој е столб на семејството, таков ќе биде и за својот народ, за својата земја. Токму затоа знам дека со него сите ќе одиме напред – вели Ѓоргиевска, која работи на Клиниката за детска и превентивна стоматологија и е професорка на Стоматолошкиот факултет при УКИМ во Скопје. 

Таа му даде поддршка и на претседателските избори во 2014 година со обраќање на конвенцијата во Универзалната сала во Скопје.



Спонзорирани линкови

Маркетинг