Француска блокада на резолуцијата на ЕУ: Европските нафтени интереси ќе ѝ пресудат на Либија

Точка

12/04/2019

14:16

1.710

Големина на фонт

а а а

Француската блокада на резолуцијата на Европската унија за Либија може да се каже дека воопшто не ги изненади познавачите на ситуацијата во северноафриканската држава.

Додека судирите траат во предградијата на главниот град на Либија, се повеќе се гледаат внатрешните поделби во Европската унија кога станува збор за ескалацијата на судирите на северот на Африка.

Имено, земјите членки на Европската унија планираа со резолуција да ги повикаат „сите страни веднаш да престанат со судирите“, а генералот Хафтар веднаш да ги повлече своите сили од главниот град Триполи. Но, за тоа нема консензус затоа што Франција ја блокираше резолуцијата.

Потегот не е неочекуван, Франција веќе неколку години го поддржува лидерот на таканаречената Либиска народна армија, генералот Калифа Хафтар.


Според последните информации на Обединетите нации, во битката за Триполи досега најмалку го загубиле животот 56 лица, додека околу 8 илјади се раселени.

Во контекст на Европа, овој судир во Либија е судир и на две европски сили кои што имаат разни, пред се нафтени интереси во оваа земја, а тоа се Франција и Италија. Имено, Франција изгради силни односи со Хафтар за да ги заштити своите вложувања во нафтената индустрија на Либија, додека истовремено власта во Триполи е поддржаа од Италија, која на секој начин се обидува да го спречи приливот на мигранти преку Средоземното море.



Спонзорирани линкови

Маркетинг