Лондонскиот суд го осуди Асанж за кршење на условите за кауција од 2012

Макфакс

11/04/2019

20:50

2.757

Големина на фонт

а а а

Судот во Лондон пресуди дека основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, е виновен за крешење на условите за кауција во Велика Британија.

На основа на пресудата, на Асанж му се заканува кзна затвор до 12 месеци, но тој се соочува со можно екстрадирање во САД, кои го бараат поради објавување десетици илјди тајни владини документи.

Судијата Мајкл Сноу брзо ја донел пресудата во присуство на Асанж, кој пред судот изјавил дека не е виновен. Тој во 2012 година бараше политички азил во Амбасадата на Еквадор во Лондон, откако со кауција беше пуштен од притвор, додека бил соочен со можно екстрадирање во Шведска, поради обвинение за сексуален напад. Обвиненијата за сексуален напад во меѓувреме беа отфрлени, но обвинението за прекршување на условите за кауција останаа на сила.



Спонзорирани линкови

Маркетинг