На кого му е потребна нова војна во Либија? Изгледало дека странските сили се откажале од либиска револуција, но сега се вратиле...

Точка

11/04/2019

19:54

3.200

Големина на фонт

а а а

Додека Велика Британија засега се држи на страна, Французите, Италијанците, Русите и Американците ќе имаат што да кажат во конфликтот кој е на повидок во Либија, пишува Ким Сенгупт, еден од уредниците на "Independent".

Тој наведува дека Западот почувствувал дека либиската револуција, започната пред осум години, во суштина е мртва и дека од целата ситуација е научена дека националистичкиот жар со транспаренти на кои пишувале "Не за странска интервенција, Либијците тоа мора да го направат сами", била погрешна надеж. 

Сенгупт, кој и самиот бил во Либија, пишува дека во текот на посетата видел судири меѓу племиња и паравоени формации, а странски држави се обидувале да манипулираат со политичкиот процес.

Иако, во главно се откажале од Либија, сега повторно се вратиле со своите геополитички планови за да ги поддржат спротивставените фракции и да го зголемат насилството.

На крајот, дошло до тоа едно лице, пензионираниот генерал Калиф Хафтар, да сака да ја преземе власта во Либија и тоа со поддршка од Египет и ОАЕ. Него го поддржува и Русија, пишува Сенгупт, а тоа покажува дека Москва повторно станала активен играч на Блискиот исток и во Африка.

При посетата на Каиро, рускиот шеф на дипломатијата Сергеј Лавров, рекол дека е во контакт со генералот Хафтар и премиерот Сарај и повикал на крај на насилствата и почеток на преговори. Слични пораки праќаат и САД и Г7.

Инаку, не е исклучена можноста Хафтар да не продолжи да напредува, а дека ќе ја контролира периферијата на Триполи, бидејќи напад на градот би бил долг и крвав, заклучува "Independent".




Спонзорирани линкови

Маркетинг