Заев: Иванов не може да аболира

Макфакс

11/04/2019

15:46

1.776

Големина на фонт

а а а

Не очекувам никаква аболиција од претседателот Иванов, изјави премиерот Зоран Заев по информациите дека до кабинетот на Иванов веќе се пристигнати барања за помилување од страна на некои од осудените за крвавиот четврток.

Тој потенцира дека претседателот на државата нема ниту време ниту законска можност да аболира пред истекот на неговиот мандат на 12 мај.

„Јасно е како бел ден, членот 11 од Законот за помилувањето не постои, тој е укинат и не може да се дејствува по него. А постапките што се водат преку Министерството за правда не може да се водат за време на избори. Тие се забранети постапки, може да влијаат на изборите, на бројот на гласови и самите гласачи, тие може да се водат откога ќе завршат изборите“, рече Заев.

За судбината на СЈО, Заев вели дека предметите се живи и дека ќе се распределат по судии и обвинители, а преговорите со опозицијата за Законот за Јавното обвинителство ќе продолжат.

Заев: Јас сум човек од Муртино, не негуваме вредности како култ на личност

Јас сум човек од село Муртино, не негувам вредности на култна личност, изјави ппремиерот Заев на прашањето дали е добро што партиски членови и функционери го споредуваат со Јосип Броз Тито.

„Со директорот на Агенцијата за млади и спорт имаме одлична соработка, тој е и претседател на младината во СДСМ, но ние не негуваме такви вредности ниту во партијата ниту во Владата. Ние сме мало општество, мултиетничко, треба да градиме пријателство и еднаквост, зборуваме за еднакви вредности“, рече Заев.

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, пак, негира дека тој го споредил Заев со Тито.



Спонзорирани линкови

Маркетинг