Се скарал со фризерот бидејќи не бил задоволен што му направил со косата, а потоа одлучил да му се одмазди

Точка

10/04/2019

16:17

2.737

Големина на фонт

а а а

Маж од Кина кој бил незадоволен со својата нова фризура одлучил да му се одмазди на својот фризер.

Иако сите сме имале лоши денови, ретко кој би се осудил на потег како овој. Тој имено одлучил да ги преземе работите во свои раце, па бидејќи не му се допаѓала новата фризура, го седнал фризерот на столчето и го истрижал. 

На снимката од надзорните камери се гледа како кутриот бербер е присилен да седи мирно и беспомошно гледа во огледалото, додека клиентот го стрижи.


Пред инцидентот, нездоволниот клиент е забележан како бесно покажува со прстот кон главата, додека со другата рака му покажува фотографија на фризерот алудирајќи дека не го добил она што го побарал.

Мажот, кој е познат како Чен, после тоа се скарал со фризерот и одлучил да му направи фризура. После инцидентот Чен бил приведен од полицијата, а истрагата е во тек.



Спонзорирани линкови

Маркетинг