Историски ден: Ова е првата фотографија на една црна дупка!

Точка

10/04/2019

15:59

4.428

Големина на фонт

а а а

National Science Foundation и Event Horizon Telescope ги претставија резултатите од истражувањето и првите фотографии на огромната црна дупка која се наоѓа во срцето на галаксијата „Месиер 87“.

Астрономите и целиот свет досега само можеа да претпоставуваат како изгледа една црна дупка, а научниците можеа да пресметаат колку црните дупки се големи благодарение на своето разбирање на вселената.

Но, досега никој немаше видено како изгледа една црна дупка, затоа што црните дупки се простор на сконцентрирана густа материја. Токму поради својата неверојатно голема маса и малиот волумен, црните дупки привлекуваат се што ќе им се најде во близина – од залутани ѕвезди, па се до фотоните на светлината.

Сепак, денес научниците од американскиот National Science Foundation и Event Horizon телескопот, ги претставија пред очите на светот првите фотографии од една црна дупка.

Како што беше нагласено на прес-конференцијата, благодарение на користењето на моќните телескопи на Земјата, астрономите ги откриле големите промени во просторот и времето до кои што доаѓа после судирот на црните дупки.



Спонзорирани линкови

Маркетинг