Пендаровски во Кавадарци: Еве ги и странските инвестиции и парите во земјоделството, продолжуваме со економскиот раст

Макфакс

10/04/2019

09:23

914

Големина на фонт

а а а

Претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев и канидидатот за претседател на државата, Стево Пендаровски на трибината во Кавадарци посочија на придобивките од политиките што водат напред кон НАТО и кон ЕУ, а коишто веќе ги чувствуваат граѓаните, посебно на економски план и водат кон развој и на земјоделството и на економијата.

,,Ако минатата година беше година на интеграциите, оваа и следната година ќе бидат години на економијата којашто веќе бележи раст и тоа со темпо со кое што не сме биле со години, и тоа е поради отворените интеграции”, рече претседателскиот кандидат Пендаровски.

Тој посочи на бројката од речиси 625 милиони евра странски инвестиции што влегле во нашата држава, само за 2018 година.

,,Во јуни очекуваме датум за почеток на преговорите со ЕУ, може да замислите какви ‘се фондови и економски можности ќе се отворат за нашата држава”, додаде тој.

Претседателот на СДСМ и премиер, Заев, посочи на повеќе бенефити за земјоделците во последниот период и порача дека е потребно да продолжат евро-атлантските интеграциски политики, за да има повеќе пари во земјоделството како и за сите граѓани европски животен стандард. ,,Исплативме за 2014/15/16/17 година 110 милиони евра заостанати субвенции, секоја година даваме паралелно 140 милиони евра субвенции, доделени се 424 грантови од по 10.000 евра само во земјоделството, рече претседателот на СДСМ и премиер Заев, кој додаде дека државата, со вистински, исправни чекори, може да се најде на својот народ.

,ЕУ е платено грозје, ЕУ е укината акциза за ракијата на 0 проценти”, рече претседателот на СДСМ и премиер, Заев.Тој од Кавадарци му одговори на Мицковски за имињата на сите странски инвестиции.

,,Нели имаше некој dream team во време на Груевски, во најдобрата нивна година, 2011, имале 340 милиони евра странски директни инвестиции. Еве ги 624 милиони евра странски директни инвестиции, платите се качени за 8.1 процент, качено е индустриското производство, вкупниот увоз – извоз во технолошко – индустриските зони е зголемен за 26 проценти”, рече претседателот на СДСМ и премиер, Заев, кој ги прочита имињата на бројните странски во земјава од разни делови од светот.

Тој додаде дека има и 200 домашни компании поддржани со 20 милиони евра од Фондот за иновации, дека Агенцијата за вработување исплатила 16.4 милиони евра за поддршка на 1.191 проект од кои 509 за млади и 450 на жени. И дека 160 компании се поддржани преку Министерството за економија. ,,Драги граѓани, граѓани од Тиквешијата, да го избереме Стево Пендаровски за претседател, со кого ќе се гордееме, во горда земја, членка на НАТО и ЕУ, со економски стандард и перспективи за децата во земјава”, порача од Кавадарци претседатеот на СДСМ и премиер, Зоран Заев, на трибината во рамки на кампањата на Стево Пендаровски за изборите за претседател на државата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг