Зошто Либија и зошто баш сега?

Точка

09/04/2019

20:09

7.215

Големина на фонт

а а а

Командантот на Либиската национална армија Халиф Хафтар минатиот четврток им наредил на своите сили да почнат офанзива на Триполи за да "ослободи од терористите".

Од друга страна, премиерот на Владата за национално единство во Триполи, Фајез Сараџ, наредил, доколу биде потребно, да се употреби сила по соопштението дека Либиската национална армија воспоставила контрола над градовите јужно и западно од Триполи. 

Интересно е дека Хафтар токму во овој момент одлучил да тргне во офанзива, имајќи во предвид дека од 14-ти до 16-ти април во Гадамес треба да се одржи голема мировна конференција за новите вонредни парламентарни избори кои, на некој начин, би ја обединиле земјата.

Иако официјалниот претставник на таа војска, Ахмед Ел Мисмари, рекол дека офанзивата на вооружените сили под команда на Халиф Хафтар на Триполи не е насочена против мировната конференција, некои аналитичари се сомневаат дека конференцијата би можела да биде доведена во прашање.

"Прашање е дали моментот кој Хафтар го избрал за офанзива е само коинциденција. Сега, имено, поради овие воени операции, таа мировна конференција пропаѓа", оценува новинарот и надворешнополитички аналитичар, Мирослав Лазански.

Во прилог на тоа дека е неизвесно како офанзивата на Хафтар ќе заврши зборува и фактот дека тој од Бенгази, од каде тргнал, па до Триполи ги развлекол своите сили, па провладините сили му доаѓаат и од зад грб, и принуден е да се брани од сите страни.

Меѓутоа, според оценките на некои аналитичари, тоа сепак не значи дека е спречен во конечната офанзива, иако можеби се плаши и од некои интервенции на западните сили кои ги поддржуваат провладините сили во Триполи.

Факт е дека аеродромот Триполи е во дострелот на артилеријата на силите на Хафтар, па тој може да го нападне ако сака да го онеспособи за слетување на било какви други авиони. Од друга страна, авионите на премиерот Сараџ не полетуваат од цивилниот аеродром, туку од воениот, кој е многу блиску до Триполи.

Најголем проблем на Либија е тоа што земјата е без моќна централна власт.

Имено, уште од убиството на Муамер ел Гадафи во 2011-та година во Либија владее двовластие - на истокот заседава избраниот парламент со Хафтар на чело, а во Триполи на запад управува владата за национално единство на Фајез Сараџ.

Додека Хафтар има поддршка од Египет и Катар, Сараџ има поддршка од "муслиманските браќа" - противници на Египет, како и ОАЕ, кои се во судир со Катар.




Спонзорирани линкови

Маркетинг