Објавена снимка од бомбардирањето на аеродромот во Триполи: Погледнете како авионот „МиГ-21“ ги лансира ракетите

Точка

09/04/2019

15:44

5.489

Големина на фонт

а а а

На социјалната мрежа Фејсбук е објавена видео снимка од нападот на воениот аеродром Митига во главниот град на Либија, Триполи.

Ловецот „МиГ-21“ на таканаречената Либиска национална армија притоа погодил и два борбени авиони.

Либиските власти го затворија единствениот функционален аеродром во главниот град Триполи после воздушниот напад, а ова го потврдија функционери од аеродромот.

Од минатата седмица во Либија се обновени судирите откако Либиската национална армија предводена од генералот Калифа Хафтар кој многумина го нарекуваат „Новиот Гадафи“, тргна од истокот на земјата кон освојување на западот на земјата и главниот град Триполи кој е под контрола на меѓународно признаената влада на национално единство предводена од Фајез Сараж.

Двете страни потврдија дека од четвртокот најмалку 41 лице е убиено, а во жестоките пресметки во Триполи настрадале и голем број на цивили.



Спонзорирани линкови

Маркетинг