Гутереш повикува на запирање на судирите во Триполи

Макфакс

09/04/2019

10:51

960

Големина на фонт

а а а

Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), Антонио Гутереш остро ги осуди судирите кај либискиот главен град Триполи и повика на итен прекин на сите воени операции, со цел да се смири ситуацијата.

Гутереш истакна дека ,,нема воено решение за конфликтот во Либија” и ги повика сите страни веднаш да се вклучат во дијалогот за да постигнат политичко решение.

,,Специјалниот претставник на генералниот секретар во Либија е подготвен да посредува во тој дијалог”, се вели во соопштението на ОН.

Гутереш го осуди воздушниот напад од страна на опозициските сили на Либиската национална армија, поради што либиските власти го затворија единствениот функционален аеродром во Триполи. ОН објави дека повеќе од 3,4 илјади луѓе побегнале од конфликтот во близина на Триполи. Во судирите, 49 лица беа убиени, вклучително и цивили.

Координатор на ОН во Либија, Марија де Ваље Ривиеро изјави дека поради конфликтот, службите за итни случаи не се во можност да им помогнат на повредените и на цивилите.Таа предупреди дека конфликтите ќе ја влошат ситуацијата во мигрантските кампови во главниот град на Либија.

Во Либија минатата недела се обновија судири кога Либиската национална армија предводена од Калиф Хафтар од исток започна да го освојува западниот дел на земјата и градот Триполи, каде што контрола има меѓународно признатата влада на чело со Фајез Сарај.



Спонзорирани линкови

Маркетинг