Сè започна со убиството на Гадафи! Погледнете што се случува во Либија: Еве кој ги држи кои позиции! Детална мапа

Точка

08/04/2019

19:17

7.676

Големина на фонт

а а а

Либиската национална армија на маршалот Халиф Хафтар ја преземала контролата над воениот камп Јармук јужно од Триполи, соопштил извор во Генералната команда на ЛНА.

Силите на маршалот Хафтар, кои биле лоцирани на истокот на земјата, на 4-ти април започнале офанзива на Триполи, каде има меѓународно призната влада. Во неделата Африканската команда на вооружените сили на САД привремено од безбедносни причини го преместила својот контингент во Либија. 

По убиството на Муамер ел Гадафи во 2011-та година, во Либија почнала политичка криза. Моментално во земјата има две власти. Парламентот кој го избрал народот владее на истокот, а на западот, во главниот град Триполи, се наоѓа Владата за национално единство на чело со Фајез Сараџ, која е формирана со поддршка на Обединетите нации и Европската унија.

Обединетите нации предложуваат на пролет во 2019-та година во Либија да се одржат општи избори, чии резултати би требало да доведат до формирање на легитимни и општопризнати органи на власта.



Спонзорирани линкови

Маркетинг