Почна евакуацијата на странците од Либија, Владата најавува контранапад

Макфакс

08/04/2019

09:43

1.061

Големина на фонт

а а а

Странските држави започнаа со евакуација на нивниот персонал од Либија поради влошувањето на ситуацијата во земјата во која меѓународно признатата Влада на национално единство вчера објави дека покренува противофанзива против силите на Калиф Хафтар, водач од истокот на Либија.

Африканскта команда на вооружените сили на САД (АФРИКОМ) објави дека ќе премести еден контингент на американски војници, додека Индија информираше дека ги евакуирала припадниците на мировните сили во Тунис.

,,Поради новите судири во Либија, контингентот на силите на АФРИКОМ привремено се преместуваат од земјата, како одговор на безбедносната ситуација на теренот”, се вели во соопштението. Притоа се додава дека ќе се следи ситуацијата на теренот и дека ќе се разгледа можноста за враќање на американските војници кога тоа ќе биде можно.



Спонзорирани линкови

Маркетинг