ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Пендаровски се исти 102.5%

Макфакс

08/04/2019

09:11

572

Големина на фонт

а а а

,,Заев и крими картелот околу него секојдневно ги ограбуваат граѓаните. Заев го зголеми бројот на граѓани кои живеат под прагот на сиромаштија од 400.000 на 500.000. Заев ветуваше подобар стандард. Заев излажа. Пендаровски лаже исто како Заев”, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, економијата две години тоне. Стандардот на граѓаните секој месец е се помал.

,,Јавниот долг на Република Македонија откако е дојден Заев на власт е зголемен за над половина милијарда евра. Заев ветуваше намалување на јавниот долг. Заев излажа. Пендаровски и Заев се исти 102.5% и Пендаровски лаже исто како и Заев.Секој месец власта во изминативе две години ја задолжува државата за над 20 милиони евра.Заев и Пендаровски ги презадолжија граѓаните и идните генерации, а ниту една капитална инвестиција не е направена. Економијата е на дно, а развој воопшто нема.Република Македонија нема потреба од нов Зоран Заев. Република Македонија има потреба од чесен претседател како Гордана Силјановска Давкова”, се додава во соопштението.



Спонзорирани линкови

Маркетинг