ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски лаже исто како Заев пред избори

Макфакс

07/04/2019

12:02

1.150

Големина на фонт

а а а

Секое ветување на Стево Пендаровски е лага исто како што и секое ветување на Зоран Заев пред избори гледаме дека е лага, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Во интервју за бугарска телевизија само неколку недели пред да го смени името, Заев кажуваше колку е понижување доколку би требало да го смениме името и за внатрешна употреба, па и на владата да го пишува новото име. Зоран Заев само неколку недели подоцна го промени името и за внатрешна употреба. Зоран Заев излажа. Стево Пендаровски е 102,5% ист како Зоран Заев и тој лаже како Заев“, се наведува во партиското соопштение.

Од опозициската партија велат дека Република Македонија нема потреба од нов Зоран Заев.

„Република Македонија има потреба од чест и работлив претседател, кој ќе води сметка за државните и национални интереси. Република Македонија има потреба од претседател како Гордана Силјановска Давкова, која држи до својот став и стои на линија на македонските државни и национални интереси“, нагласуваат од ВМРО-ДПМНЕ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг